Работнички и Силекс со меѓусебни „тестови“ пред европските настапи

Екипите кои ќе ја претставуваат Македонија во Лигата на Конференции, Силекс и Работнички, ќе одиграат две пријателски средби меѓусебно, пред европските предизвици.

На 17. јуни овие два тима ќе одиграат пријателски меч во Кратово, додека три дена подоцна ќе се одигра и меч во Скопје.

Кратовскиот и скопскиот тим се одлучија дома да ги поминат летните подготовки, односно да не заминат во странство. Екипите на Шкендија и на Вардар, кои ќе ја преставуваат Македонија во Европа ова лето, веќе се во Словенија каде што ги одработуваат подготовките за настапите во Лигата на шампионите, односно во Лигата на Конференции.

Се вчитува...