Работнички ќе тестира со Борец и со Тиквеш пред заминувањето во Анталија

Работнички ќе одигра два тест натпревари во Македонија пред да замине во турскиот туристички центар Анталија на 27.јануари. „Романтичарите“ на 18.јануари ќе тестираат против прволигашот Борец, а седум дена подоцна составот на Ратко Достаниќ ќе одигра пријателски натпревар против амбициозниот второлигаш Тиквеш.

Работнички стартуваше со работа во последните денови од 2019 година, а тренерот Ратко Достаниќ продолжува со реализација на планот за подготовки и во првата декада од јануари. Во Анталија тимот ќе престојува од 27.јануари до 7.февруари и ќе одигра неколку подготвителни натпревари.

Се вчитува...