Работнички ја прекина негативната серија и конечно оствари триумф. На домашен терен ја совлада Македонија ЃП со 2-0 и се уште се надева на четвртото место на табелата кое би можело да донесе и излез на европска сцена, доколку Академија Пандев го освои Купот.
Да Силва во десеттата минута си постигна автогол по нафрлувањето на Дејан Блажевски од слободен удар, а Кристијан Ацковски во 31.минута го постигна вториот погодок за „романтичарите“.
Силекс го совлада Вардар со 1-0, со голот од пенал на Бобан Георгиев. Во 33.минута, Гачевски прочита каде ќе оди топката, но не успеа да ја скроти пред да влезе во мрежата.
Беласица освои бод на Чаир играјќи 2-2. Устабаши во седмата минута го доведе Шкупи во водство, но Маслаж со прекрасен гол со ножички израмни во 35.минута. На стартот на вториот дел Мухарем Бајрами донесе нова предност за Шкупи, но Пепи Георгиев израмни во 60.минута и приграби бод за струмичкиот тим.
Ренова и Академија Пандев ремизираа (1-1) во Тетово. Даниел Миловановиќ во 11.минута го отвори резултатот, но Емран Рамадани донесе бод за „гипсарите“.
Шкендија очекувано славеше над Победа во Кочани со 1-4. Ќатип Османи им даде шанса на младите сили, но и тие беа премногу силни за Победа. Шефит Шефити беше двоен стрелец, а во листата се запишаа и Арбин Зејнулаи и Јакуп Бериша. Единствениот гол за Победа го постигна Трајче Ефремов.
ПРВА ЛИГА, 34. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА 1-4
СИЛЕКС – ВАРДАР 1-0
ШКУПИ – БЕЛАСИЦА 2-2
РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
Табела: Шкендија 76, Вардар 60, Академија Пандев 57, Шкупи 44, Ренова 43, Работнички 43, Македонија ЃП 41, Силекс 41, Беласица 38, Победа 23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА