Работнички лесно до победа со ФМП

Кошаркарите на Работнички дојдоа до деветтата победа во првенството, откако денеска го совладаа составот на ФМП на негов терен со 77-90.

Работнички само во првата четвртина имаше отпор од противникот, а потоа во втората четвртина брзо дојде до предност од 12 разлика, и од тогаш до крајот мудро ја зголемуваше до крајот. На полувреме Работнички замина со предност од 11 разлика, а исто беше и после третата четвртина.

Во последниот период ФМП немаше сили да се врати резултатски во мечот, а тимот од Градски Парк успеа да ја добие и на крајот да слави убедлив триумф.

Најефикасен беше Малешевиќ со 23 поени во нешто помалку од 30 минути минати на паркетот.

Се вчитува...