Работнички лесно го освои Куманово

Кошаркарите на Работнички лесно го урнаа Куманово на негов терен. Составот од Градски Парк во текот на целиот натпревар имаше предност, која само ја зголемуваше и на крајот дојде до убедлив триумф со 82-54.

Клучна за потврда на победата беше третата четвртина, која Работнички ја доби со 10 разлика, па победникот беше познат уште пред стартот на последниот период. А, во него, Работнички влезе како да треба да прави пресврт, па го доби најубедливо од сите (26-14), за на крајот убедлива победа од 28 разлика.

Џелетовиќ со 30 поени беше најефикасен на средбата, а притоа забележа и 11 скокови.

Се вчитува...