Работнички лесно со „соколите“, Фени се ’испоти’ против Шкупи

Работнички и Фени индустри остварија очекувани триумфи на денешните натпревари од Првата кошаркарска лига. Работнички славеше убедливо (61-99) на гости против младиот состав на Карпош Соколи, додека Фени индустри на домашен терен го совлада Шкупи со 83-79.

Работнички уште на стартот обезбеди огромна предност против „соколите“ и во текот на целиот натпревар беше видлива доминацијата на поискусниот тим од Градски парк. Виктор Ефремовски со 23 постигнати поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека Андреј Атанасов постигна 22 за „соколите“.

Фени индустри го совлада Шкупи со 83-79. На овој меч блескаше Андреј Магдевски, кој постигна 30 поени за кавадеречкиот тим. Афам Муџеке со 24 поени беше најефикасен во составот на Шкупи.

Се вчитува...