Работнички подобар од израелскиот тим Хапоел Нир Рамат Хашарон

Македонскиот прволигаш Работнички оствари триумф на првиот пријателски натпревар на подготовките во Банско, Бугарија. „Романтичарите“ славеа со 1-0 над израелскиот тим Хапоел Нир Рамат Хашарон.

Стрелец на победничкиот погодок за Работнички беше Марио Станковски на асистенција на Бразилецот Јаго во 60.минута од средбата. До крајот на мечот, Работнички имаше неколку изгледни шанси и за втор погодок, но реализацијата изостана.

Следниот пријателски натпревар на Работнички е закажан за 24 јули, со почеток во 18.30 часот, против израелскиот тим Хапоел Рамат Ган.

Се вчитува...