Работнички подобар од Тиквеш на тестот во Маџари

Работнички оствари поведа од 3-1 над второлигашот Тиквеш на пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Тимот на Ратко Достаниќ беше подобар противник во текот на мечот. Тодоровски го отвори резултатот по 13 минути игра со одличен удар од далечина, а Давид Тошевски пред крајот на првиот дел зголеми на 2-0.

Напаѓачот Тошевски беше стрелец и на третиот гол за Работнички во 60.минута. два гола постигна Давид Тошевски. Во финишот Тиквеш успеа да постигне почесен погодок преку Делов на овој меч.

Работнички по две контроли заминува за Анталија каде ќе ја реализира следната фаза од подготовките.

 

 

Се вчитува...