Работнички поразен од бугарскиот тим Септември (1-3)

Работнички доживеа пораз (1-3) од бугарскиот тим Септември во третиот тест на подготовките во Бугарија. Ривалот по првиот дел имаше водство од 0-2, а единствениот погодок за „романтичарите“ го постигна Лука Станковски во 87.минута.

Тренерот Александар Влахо го започна натпреварот со следниот состав: Јанков, Велковски, Борха, Боцевски, Тодоровски, Лазаров, Ацковски, Л. Станковски, Фазлиу, Паповиќ, М. Станковски.

Утре Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Алтин Асир, претставникот на Туркменистан.

Се вчитува...