Работнички, после Минск, би можел против Тричко и Мојсов

Работнички, доколку успее да го елиминира Динамо Минск, во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа ќе игра против подобриот од дуелот Корк Сити – АЕК Ларнака. „Романтичарите“, според рејтингот беа меѓу носителите и за овој ждреб, но, сепак, не добија лесен ривал. Во АЕК Ларнака, кој има предност (0-1) по првиот меч во Ирска, настапуваат македонските интернационалци Ицван Тричковски и Даниел Мојсов.

Сепак, Работнички прво ќе има многу тешка задача да мине во следната рунда, откако одигра 1-1 против Динамо Минск во Скопје.

Првиот меч на 27 јули, Работнички би го играл на гости, а на 3 август треба да биде домаќин.

Се вчитува...