Работнички потпиша со младински репрезентативец на Македонија

Работнички продолжува со екипирање на ростерот со млади и талентирани кошаркари, па така „центарци“ потпишаа договор со 20-годишниот Богдан Мирковски.

Станува збор за младински репрезентативец на Македонија, 20-годишен кошаркар висок 202 сантиментри кој настапува на позицијата крилен центар. Тој уште во тинејџерските денови замина во Италија, но таму не успеа да направи посериозни чекори во сениорската кошарка по што се врати назад во мак-баскетот и потпиша со Работнички.

Се очекува „центарци“ да доведат уште најмалку едно засилување во тимот, и тоа на центарската позиција, дел од екипата што се покажа како најтенок во првите две кола од новата сезона.

Се вчитува...