Работнички ја заврши соработката со американскиот кошаркар Двејн Бенџамин. „Центарци“ пред самиот крај на календарската година се одлучија да ја прекинат соработката со плејмејекорот кој не ги оправда очекувањата.
Бенџамин на почетокот од сезонава потпиша едногодишен договор со Работнички, но истиот сега се прекинува поради незадоволство на стручниот штаб од неговите игри изминатава есен.
Американецот стана познат на домашната кошаркарска јавност по одличните игри во редовите на гевгелиска Блокотехна каде мина две извонредни сезони. Потоа замина во Чешка, имаше кратка авантура и во Словачка, за да летово го прифати предизвикот за враќање во македонскиот шампионат, и тоа во најтрофејниот клуб во нашата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА