Работнички ремизираше против Пирин Благоевград

Македонскиот прволигаш Работнички со реми (1-1) против Пирин Благоевград ја отвори серијата пријателски натпревари на подготовките во Анталија. „Романтичарите“ поведоа со голот на Давид Тошевски во 45.минута, а бугарскиот тим израмни во 84.минута од дуелот.

Работнички може да жали за триумфот, со оглед дека во 28.минута Себастијан Херера не реализира пенал. Неговиот шут заврши крај голот на Пирин Благоевград.

Работнички поведе во самиот финиш од првото полувреме. Херера изведе слободен удар од 17 метри, голманот на Пирин ја одби топоката, а Давид Тошевски ја смести во мрежата.

Пирин Благоевград израмни во 84.минута, кога по еден брз противнапад ја затресе мрежата на Шишковски, кој бранеше во вториот дел.

Тренерот Ратко Достаниќ го стартуваше натпреварот со следниот состав: Јанков, Силјановски, Велковски, Јенбену, Херера, Стојков, Јевтовски, Тодоровски, Шаркоски, Петковски, Тошевски. Во второто полувреме настапија: Шишковски, Николовски, Трајковиќ, Пановски, Станковски, Вецевски, М. Тошевски, Максимов.

Се вчитува...