Работнички од вчера е во Анталија, а денеска го одржа и првиот тренинг во турскиот туристички центар, информира клубот на официјалниот сајт. Експедицијата е сместена во добро познатата база, хотелот „Миракл“, а за утре е закажана и првата проверка, против бугарскиот клуб Пирин Благоевград, од 13 часот по македонско време.
Тренерот Ратко Достаниќ го воигрува тимот, фудбалерите се прилагодуваат на неговите барања и треба се да функционира беспрекорно за вториот дел од првенството. Работнички го очекува тешка битка за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА