Работнички во пролетниот дел од сезоната ќе биде посилен за Арменд Алими. После долги години во Шкендија, Алими денеска беше промовиран во ново засилување на тимот од Дебар Маало. „Романтичарите“ му посакаа добродојде на искусниот фудбалер, кој во минатото играше и за Башкими, Милано, Истра, Оребро, Неа Саламис и Ермис.
Во Шкендија беше дел цели седум години, беше еден од најдобрите играчи на тетовци со кои освои три титули во домашниот шампионат, и еден пехар во Купот. 34-годишниот Алими е и поранешен репрезентативец на Македонија.
Со тоа Работнички го почнува составувањето на тимот за пролетниот дел од сезоната во кој најпрво ќе се брка опстанокот, а потоа ако е можно и да се фати приклучок кон горниот дел.
Од тимот од Градски Парк засега си заминаа Османоски, Ристески, Позњак и Тантуровски, додека и натаму е неизвесно дали ќе замине Кристијан Стојкоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА