Екипата на Работнички го престави најновото засилување за претстојната сезона, тоа е Американецот Џаксон Елингсворт.
Елингсворт кој е висок 206 сантиметри, доаѓа од Универзитетот Арканзас стејт со кого минатата сезона играше во НЦАА лигата. Тој на 32 натпревари имаше просек од 9.7 поени и 4.8 скокови.
Со Елингсворт, Работнички добива дополнителна опција во нападот и играч кој може да придонесе во скокот.
Новата сезона во Суперлигата ќе започне претстојниот викенд, а Работнички во првото коло ќе и гостува на Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
