Кошаркарите на Работнички стигнаа до голема победа во борбата за опстанок откако вечерва на домашен терен славеа над Чаир со 94-83 во меч од 3. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата на Македонија.
Освен првата четвртина која помина во егал 22-22, домаќините го контролираа натпреварот во следниот период и на крајот заслужено стигнаа до нов триумф во борбата за опстанок во македонската елита. Виктор Ефремовски со 28 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 22 поени на Мухамед Таци.
Доколку во последниот меч од денешната програма во плеј-аутот Феникс загуби на домашен терен од Гостивар, овие два тима заедно со Ангели следната сезона ќе бидат во ранг подоле, додека Работнички ќе обезбеди опстанок во Суперлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

