Многу важна победа оствари тимот на Работнички во мечот против Арсими во битката за опстанокот во ПМФЛ. „Романтичарите“ на крајот славеа со 2-0, благодарение на головите во второто полувреме.
Најпрво во 54. минута по една супер акција Работнички поведе. Адем испрати долга топка до Талаков на левата страна, кој од прва го проигра Мухарем, кој успеа да стрела во мрежата.
Кога се веќе беше решено, длабоко во судиското надополнување нововлезениот Хоџа успеа да погоди во голот на Арсими, и да слави триумф.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

