Работнички со триото Тасовски – Илиевски – Мираковски го „стопи“ Фени

Кошаркарите на Работнички стигнаа до третиот триумф во Суперлигата, совладувајќи го на домашен терен тимот на Фени индустри со 84-69. Триото Диме Тасовски – Владо Илиевски – Димитар Мираковски делуваше незадржливо за кавадаречкиот тим. Уште во првата четвртина најтрофејниот македонски колектив заигра агресивно и ја доби со убедливи 24-10. Фени одговори соодветно во вториот период (16-26) и на полувреме замина со само четири поени негатива (40-36).

rabotnicki feni mirakovski

Но, по одморот Работнички повторно беше во елемент, а посебно во последната четвртина, кога дефинитивно го скрши отпорот на Фени индустри, стигнувајќи го до двоцифрена предност. Најефикасен кошаркар во победничкиот тим беше Диме Тасовски со 22 постигнати поени, а Владо Илиевски уфрли 20. И Димитар Мираковски беше одличен, со 16 постигнати поени.

rabotnicki feni stajic

Кај Фени индустри, единствено Кире Николовски беше на висина на задачата и постигна 20 кошеви.

Се вчитува...