Работнички стартуваше со зимските подготовки, Асани е првото засилување

Фудбалерите на Работнички денеска го имаа првиот собир на стартот од зимските подготовки за продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Тим-менаџерот Горан Станковски во Градскиот парк ја изврши првата прозивка на тимот, кој засега е со едно ново име како засилување, Бујамин Асани кој доаѓа од романскиот УТА Арад. 29-годишниот Асани, кој е поранешен играч на Шкупи и Скопје како и азербејџанскиот Капаз, треба да ја засили левата бековска позиција на тимот.

„Почнуваме со подготовки, напоредно ќе работиме и на засилувања на играчкиот кадар. Планот за работа е веќе утврден и ќе се потрудиме добро да се подготвиме. До 22. јануари ќе тренираме во Македонија, а потоа одиме во Анталија каде се веќе договорени четири пријателски натпревари“ – истакна Горан Станковски на првиот собир во новата година.

На подготовките со тимот ќе бидат и повратниците Ристе Јанков и Марио Станковски, а повторно меѓу „романтичарите“ е и Бојан Миовски кој се врати од азербејџански Карабах.

IMG_9872

Првиот пријателски натпревар Работнички ќе го има на 21. јануари против второлигашот Борец од Велес, а од 22. јануари се оди во Анталија каде ќе се остане до 1. февруари. Генералката пред стартот на пролетниот дел од првенството ќе биде против струмичка Беласица на 7. февруари.

Се вчитува...