Работнички тргна и со Србинот Паповиќ од Војводина, се чека и на Бразилец

Работнички попладнево означи старт на летните подготовки со уште две нови имиња кои се очекува да го засилат тимот за новата сезона.

По претходниот ангажман на Кореецот Хјунг-јон Ли, како и на репрезентативниот голман Дамјан Шишковски, нови фудбалери во редовите на „романтичарите“ се и Филип Стојчевски, како и досегашниот фудбалер на новосадска Војводина, Бошко Паповиќ кој игра во средниот. 23-годишниот Паповиќ ќе биде на проба во редовите на Работнички наредниот период по што ќе биде познато дали и официјално ќе следи ангажман.

Работнички ќе биде засилен и со бразилски напаѓач кој се очекува да пристигне во Скопје во понеделник.

Голманот Дамјан Шишковски на подготовките на тимот ќе се приклучи за 20 дена, по завршувањето на договорот со фински РоПс.

Се вчитува...