Работнички тргна со тренинзи, подготовките во Скопје и во Анталија

Работнички денеска ги стартуваше зимските подготовки. Шефот на стручниот штаб Борче Христов ја имаше првата прозивка на екипата, која што низ пролетниот дел прва цел ќе биде да се обезбеди нов прволигашки статус, а потоа ако е можно да се фати и приклучок кон Европа.

Работнички до 20. јануари ќе биде во Скопје, а потоа е планирано да се замине во Анталија, каде ќе биде одработена главната фаза. На 18. јануари, „романтичарите“ ќе одиграат контролен натпревар против Македонија ЃП.

Екипата ќе има неколку промени во играчкиот кадар. Од тимот заминаа Позњак, Ристески, Стојкоски, Стојков, Османовски и Тантуровски, а замина и Лука Станковски кој што потпиша за турски Газиантеп. Засега ново име е само Арменд Алими, а во текот на овие денови се очекува и доаѓање на Симеон Христов.

Се вчитува...