Работнички засилен со Станиша Крстевски, Шкупи без Бесар Исени

Работнички и Шкупи со денешната пресметка на арената „Тодор Проески“ ќе го отворат второто коло во Првата фудбалска лига. Се уште се свежи сеќавањата од последниот дуел минатата сезона, кога Шкупи во „луд финиш“ успеа да слави и да избори пласман во Лигата на Европа.

„Романтичарите“ со реновиран состав и со нов тренер, Александар Влахо, ќе се обидат да стигнат до првите бодови, откако загубија на отворањето на сезоната од новиот прволигаш Струга Трим Лум. Шкупи веќе има три бода в џеб по триумфот против Борец.

Работнички ќе биде засилен и со новото име во навалната линија Станиша Крстевски кој дојде од Црвена Звезда и немаше право на настап во првото коло. Тренерот Александар Влахо очекува многу подобра реализација, сегментот во кој Работнички потфрли на премиерата во Струга.

Шкупи се надева дека повторно може да извлече поволен резултат. Тренерот Умит Каран нема да може да смета на Бесар Исени.

„Ја стартувавме сезоната со победа и се надеваме дека ќе продолжиме во ист стил и на следните мечеви. Против Работнички одиме на нови три бода“, изјави Артан Велиу.

Останатите натпревари од второто коло во Првата лига ќе се играат утре.

ПРВА ЛИГА, ДВОЈКИ – 2.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (ДЕНЕСКА, 17 ч.)

РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ (УТРЕ, 17 ч.)

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

БОРЕЦ – ВАРДАР

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

 

 

Се вчитува...