Работник доведе хрватски десен бек од Норвешка

Ракометниот клуб Еурофарм Работник денес го претстави своето најново засилување, хрватскиот интернационалец Лука Ковачевиќ. Станува збор за 197-сантиметри висок ракометар кој настапува на позицијата десен бек, а во Битола доаѓа од редовите на норвешкиот прволигаш Викинг.

25-годишниот Ковачевиќ е „дете на Замет“, а во својата кариера настапуваше и за ОИФ Арендал Елите и за Викинг. Доаѓа како големо засилување и како втор странски новајлија ова лето по црногорскиот кружен напаѓач Чампар.

Со хрватската репрезентација до 18 години има сребро на Медитеранските игри и бронза од младинските Олимписки игри. Најголем успех во клупската кариера му е Куп-финалето со Замет во 2012 година.

Се вчитува...