Ракометарите на Работник имаа успешна увертира во пресрет на дебито од СЕХА-лигата, откако рутински славеа на последната контрола против Охрид со резултат 30-23.
Разликата во квалитет меѓу двата тима беше очигледна од самиот почеток, па битолчани веќе во првото полувреме си создадоа двоцифрена предност (19-8). Во ситуација кога победникот беше решен тренерот Алушовски го промени речиси цел тим, охриѓани се приближија до „минус шест“, но немаа сили за целосен камбек.
Работник во рамките од првото коло од СЕХА-лигата на домашен терен во Битола ќе го пречека Спартак Москва, меч што ќе се игра в среда со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА