Работник почна катастрофално, поразот од Брест беше неизбежен

Ракометарите на Работник го претрпеа вториот пораз во низа во СЕХА-лига откако загубија на гостувањето против Брест Мешков со резултат 31-22. За разлика од последниот меч во Загреб на кој македонскиот вицепрвак загуби со само еден гол разлика, овојпат избраниците на Алушовски одиграа далеку под своите можности, па убедливиот пораз беше неизбежен.

Клучен се покажа периодот од 11. до 19. минута, кога по водството на домаќините од 7-4 ракометарите на Брест постигнаа уште шест погодоци, Работник ниту еден, па на десет минути до крајот на полувремето домаќините имаа преубедливи „плус девет“ (13-4). На полувреме се замина со резултат 19-12, а македонскиот тим на почетокот од вториот дел се приближи на четири гола негатива (21-17). Сепак, тоа беше се што битолчани успеаја да сторат на овој меч, следеше нова серија за Брест Мешков, по што домаќините заслужено стигнаа до убедлива победа од 31-22.

Ојлески беше стрелец на пет погодоци, Граџан и Ѓукиќ постигнаа по четири гола за „фармацевтите“ од Битола, додека Митревски го заврши мечот со девет успешни интервенции.

Се вчитува...