Работник против Каунас во европското деби

Работник ќе го има своето деби на европската сцена против екипата на Гранитас Карис од Каунас (Литванија), беше одлучено со денешниот ждреб извршен во Виена. Битолскиот суперлигаш имаше одлична дебитантска сезона во елитното македонско ракометно друштво, изборувајќи се и за излез во Европа, во рамките од Челинџ-купот.

Првиот впечаток е дека Каунас е ривал што може да биде минат, а главен проблем за Доне Бошковски и неговите избраници ќе биде долгиот пат до Литванија.

На прв поглед можевме да минеме и подобро, бидејќи литванскиот ракомет се движи во нагорна линија. Не знаеме премногу за противникот, имаме доволно време до ноември да собереме материјали, да го анализираме противникот и максимално да се подготвиме за овој двомеч“ – изјави тренерот на Работник, Доне Бошковски.

Се вчитува...