Раде Стојановиќ уште една година на клупата на Охрид

Раководството на Ракометниот клуб Охрид ја продолжи соработката со актуелниот тренер Раде Стојановиќ, за уште една сезона.

„Презадоволни сме од работата, ангажманот и посветеноста на Стојановиќ. Токму поради тоа е продолжувањето на договорот, чин кој значи темел на екипата за следната натпреварувачка година“  изјави извршниот директор во РК Охрид, Игор Бежоски.

Следната сезона за Стојановиќ ќе биде трета во охридскиот клуб и можност за нова успешна приказна. Охриѓани сезонава регуларниот дел од Суперлигата го завршија со максимален победнички учинок во сите 12 мечеви, нешто што одамна не му успеало на некој македонски клуб.

„Имам одлична соработка со управата и играчите и презадоволен сум од продолжување на договорот. Очигледно е дека, како што расте клубот, растам и јас како тренер и сигурен сум дека ќе напредуваме уште повеќе во следната сезона“  истакна Стојановиќ.

Веќе во петок, на гостински терен против Бутел Скопје, Охрид ќе ги започне натпреварите од плејофот во Суперлигата.

Се вчитува...