Радески доби црвен картон, но Ибраими носи предност за Струга ТЛ

По првите 15 минути мирно беше на мечот во Луксембург, меѓу Есперанж и Струга ТЛ. Меѓутоа во 15. минута Радески доби директен црвен картон, и тука се чинеше дека стружани ќе имаат голем хендикеп.

Интересно е тоа што по таа ситуација слободен удар изведоа стружани преку Мазрекај, а потоа Згуро асистира до Ибраими кој постигна гол за предност.

Сега Струга ТЛ се доближи чекор понатаму до плеј-офот во Лигата на Конференции.

Се вчитува...