Радески: Хет-трикот е на целиот тим, мора да останеме цврсто на земја и со фокус на следните предизвици

Струга ТЛ се пласираше во третата рунда натпревари од Конференциската лига на УЕФА каде ќе се сретне со Есперанж од Луксембург, по победата и на вториот меч во 2. коло против Будуќност во Подгорица.

А, херој на стружани во триумфот во Црна Гора беше Марјан Радески кој запиша хет-трик на натпреварот…

„Драго ми е што постигнав хет-трик, првпат на европските натпреварувања, но за тоа е заслужен и тимот кој ми помогна да стигнам до тоа. Одигравме одлично, и навистина сум многу благодарен, бидејќи да не беа моите соиграчи, немаше да го постигнам тоа. Ова е навистина прекрасно чувство, среќен сум што му помогнав на тимот да ја испише најновата историја. Во Струга ТЛ функционираме како семејство, секој го дава својот максимум на теренот, секогаш строго ги следиме советите на тренерот Шпетим Дуро па резултатите не изостануваат“ – вели Марјан Радески.

Сега стружани веднаш се фокусираат на следните предизвици во Европа, но и на стартот на домашната сцена…

„Веднаш продолжуваме со фокус на следните натпревари. Не очекува првенствената пресметка против Гостивар, а потоа и натпреварот од третото коло против Есперанж. Мора да останеме цврсто на земја и да одиме чекор по чекор“ – дополнува Радески.

Се вчитува...