Радески и Адеми се враќаат на списокот на Ангеловски

Марјан Радески и Аријан Адеми се враќаат во националниот тим за јунските квалификациски натпревари против Полска и против Австрија. Напаѓачот на Шкендија и капитенот на Динамо Загреб поради повреди не беа дел од репрезентативната селекција во минатата квалификациска сесија, на дуелот со Летонија и со Словенија.

Селекторот Игор Ангеловски утре официјално ќе го објави списокот на повикани фудбалери. Ќе ги нема повредените Стефан Спировски и Иван Тричковски, но затоа вклучен е Езгјан Алиоски, кој забрзано се опоравува од операцијата на менискусот на коленото. Повик ќе добијат и фудбалерите на Палермо, Илија Несторовски и Александар Трајковски, кои исто така се жалат на повреди.

Планирано е дел од репрезентативците кои се веќе слободни на клупски план да почнат со тренинзи на 27 мај, а официјалниот дел од подготовките ќе стартува на почетокот на јуни.

Се вчитува...