Радичевиќ: Седум месеци проблеми, никој не слушаше – сега играме финале

Јованка Радичевиќ не ја криеше гордоста од големиот триумф над Ростов, со што Црногорката ќе има и петтта, последна шанса со Вардар да стигне до европската круна. Крилната ракометарка, која веќе има титула во дресот на Ѓер, токму против својот поранешен клуб ќе брка ново злато, а Радичевиќ е максимално мотивирана и поради проблемите во самиот Вардар, но и поради ланската неправда во загубеното финале во Будимпешта.

Беше многу тешко, но многу сум горда на целиот тим. Мислам дека имаме срце колку цела Македонија. Од почетокот покажавме дека сакаме да играме во финалето. Зрели сме за да се закитиме со титулата  Седум месеци се соочувавме со големи проблеми, молчевме и работевме, никој не не слушаше, самите се бодревме. Денеска еве покажавме дека сме доволно квалитетни за финале, а очекувам утре повторно да им докажеме на сите дека сме подготвени да стигнеме до трофејот. Лани бевме ограбени во финалето со Ѓер, сега е добра можност за да им возвратиме“ – истакна Јованка Радичевиќ.

Се вчитува...