Радичевиќ со 12 од 12 – Црногорките убедливи со Ангола, реми на Русија и Бразил

Поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ ја одбележа убедливата победа на Црна Гора против Ангола на стартот од женскиот ракометен турнир на Летните олимписки игри во Токио.

Црногорките сосема очекувано убедливо со 33-22 славеа против Ангола, а Радичевиќ имаше беспрекорен ефект со 12 гола од 12 обиди на мечот. Од нив и три погодоци од седум метри. Пет гола запиша Итана Грбиќ а со четири погодоци мечот го заврши Мајда Мехмедовиќ.

Претходно, во крајно израмнет натпревар Русија и Бразил одиграа натпревар без победник (24-24), а Холандија лесно се справи со домаќинот Јапонија, победувајќи со 32-21.

Се вчитува...