Радивојевиќ останува во Пелистер и следната сезона

По одличната прва сезона и освоената шампионска титула, Пелистер и поранешниот европски првак, Богдан Радивојевиќ, потпишаа договор за продолжување на соработката.

Десното крило одлично се снајде во Битола по преминот од ПИК Сегед и веднаш ги освои срцата на навивачите. 31-годишниот Радивојевиќ ја продолжи соработката со битолскиот клуб за уште една сезона, заклучно со јули 2025 година.

Во својата богата кариера Радивојевиќ ги носеше дресовите на Партизан, Флензбург, Рајн Некар Левен и ПИК Сегед.

Се вчитува...