Радоњиќ доби отказ во Баерн, но пак ќе води „црвено-бела“ екипа

Слабите игри и резултати во последниот период придонесоа управата на Баерн Минхен да му даде отказ на Дејан Радоњиќ. Црогорскиот стратег освои две титули во германскиот шампионат во 2018 и 2019 година, но неможноста да се вмеша во борбата за висок пласман во Евролигата придонесе тој да си замине предвреме од Минхен.

Пред се сакам да истакнам дека целиот клуб има максимална почит и благодарност за сето она што Радоњиќ го стори за нас. Тој дојде во еден незгоден период за нашиот клуб и ни ја донесе титулата во германскиот шампионат, ни помогна да ја одбраниме титулата и да дебитираме во Евролигата. Бевме принудени да ја анализираме ситуацијата во која се наоѓа клубот и принудени сме да тргнеме во друг правец, но во секој случај сме благодарни за сето она што Радоњиќ го стори за Баерн“ – изјави менаџинг-директорот Марко Пешиќ.

Главен фаворит за нов тренер на Баерн е Хрватот Перасовиќ, а што се однесува до Радоњиќ, се очекува црногорскиот стратег наскоро повторно да го гледаме во Евролигата. Тој е најсериозен кандидат за нов тренер на Олимпијакос, откако грчкиот клуб повторно почна потрага по нов стратег по слабите игри во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...