Радоњиќ дојде, Тери прв ќе „лета“ од Црвена Звезда

Дејан Радоњиќ од денеска повторно е шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда, а веќе се влечат и првите потези околу промени во играчкиот кадар на шампионот на АБА-лигата. Прв што ќе го напушти таборот на „црвено-белите“ според најавите на српските медиуми е Емануел Тери, центарот кој воопшто не ги оправда очекувањата на белградскиот клуб.

Челниците на Црвена Звезда веќе ги стартувале преговорите со агентот на Тери околу условите за раскин на договорот, нешто што се очекува да се случи најдоцна до крајот на годинава. Местото на овој кошаркар ќе го заземе Лендри Ноко, камерунскиот центар кој летово потпиша договор со Црвена Звезда, но поради проблеми со медицинските прегледи трансферот беше стопиран.

Проблемот во меѓувреме е надминат, овој кошаркар добил зелено светло за камбек на терените, по што „црвено-белите“ решиле да го активираат договорот што го имаат со него.

Дејан Радоњиќ вечерва ќе го одработи првиот тренинг со екипата, а премиерниот меч ќе го води веќе в недела, на гостувањето против Игокеа во рамките од 12. коло во АБА-лигата.

Се вчитува...