Радовиш го совлада Астраион и се врати во игра за плеј-оф

Радовиш стигна до важна победа против Астраион на домашен терен со 36-27 и ги задржа шансите за пласман во плеј-офот од ракометната Суперлига на Македонија.

Во првото полувреме гостите беа далеку подобар противник и на полувреме заминаа со четири голови предност 13-17. Сепак, во вториот дел фаворитот заигра далеку подобро и успеа да направи целосен пресврт.

Постолов и Илиев со по седум гола беа први имиња кај победникот, додека кај струмичкиот тим исто толку гола постигна Караиванов.

Се вчитува...