Радуловиќ: Покажавме квалитет, срце и желба

Пелистер стигна до злато вредна победа на отварањето на последниот „балон“ на АБА2 лигата откако славеше во натпреварот против Борац Бања Лука со 73-72 во неизвесна завршница во која пресуди тројката на Александар Костоски на 40 секунди пред крајот.

Со овој триумф битолчани се изедначија со денешниот противник на табелата со по пет победи со што драстично ги зголемија шансите за пласман во плеј-офот па тренерот Дарко Радуловиќ по натпреварот не го криеше задоволството.

„Честитки до моите играчи за борбеноста и честитки до играчите на Борац за пожртвуваноста која ги следи во текот на целото првенство. Знаев дека ќе биде исклучително тешко да добиеме една ваква екипа. Имавме едно квалитетно прво полувреме во кое не стигнавме до поголема резултатска предност, трета четвртина во која тие играа со голема агерсивност и добија самодоверба со шутот за три поени, а ние некако се загубивме и паднавме во нивата игра.

Меѓутоа покажавме квалитет, срце и желба за тоа колку ни значи овој натпревар во кој во последната четвртина се вративме и стигнавме до победа. Од срце им честитам на моите играчи. Имаме два дена да се подготвиме за следниот предизвик кој е Подгорица“, изјави Радуловиќ.

Се вчитува...