Рафа Бенитез лут: Денешниве судии не ги разбираат фудбалските правила

Менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез, не можеше да ја сокрие лутината кон судиите по ремито со Вулверхемптон.

Њукасл поведе во 56. минута со голот на Хејден, а Вулверхемптон израмни во судиското продолжение, поточно во 95.минута. Да триумфираше Њукасл на овој меч ќе излезеше од зоната за испаѓање, а Бенитез смета дека стрелецот на голот за противникот претходно направил прекршок.

„Во Англија не ги разбираат правилата. Можам да кажам уште многу работи, но сигурен сум дека тоа ништо нема да промени. Судиите мора да знаат дека во една таква ситуација мора да го заштитат голманот. Знам дека во Англија луѓето мислат дека голманите мора да се поцврсти, но не може да се минува границата на напад врз нив“ – вели Бенитез.

Се вчитува...