Вејн Руни би можел да го замени Рафа Бенитез на клупата на Евертон. „Карамелите“ се во очајна форма, имаат само една победа и шест порази на последните девет натпревари, што ги натера челниците на клубот да почнат лесно да размислуваат за новиот тимски менаџер.
Според островските медиуми, сопственикот на клубот Фарад Мошири го гледа поранешниот играч на Евертон, Вејн Руни како замена за Бенитез.
Ова не би било чудно, доколку самиот Руни не создаде лоши односи со Мошири. Првиот човек на Евертон сметаше дека Вејн треба да си замине од „Гудисон Парк“, иако напаѓачот сакаше да остане, поради што беа во конфликт. Сепак, очигледно нешто во меѓувреме се променило.
Рафа Бентиз против тимот од Лондон најверојатно ќе ја има последна шанса да се спаси и да остане на клупата на „карамелите“, дуелот меѓу Евертон и Челси е закажан за утре од 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА