Рафаел Леао на местото на Мбапе во ПСЖ!?

Рафаел Леао е прва трансфер-цел на ПСЖ како замена за Килијан Мбапе, кој од јуни се сели во Реал Мадрид, пренесуваат француските медиуми.

Од таборот на ПСЖ сметаат дека Леао има потенцијал да биде достојна замена за Мбапе. Според последните информации, од Милан би се согласиле да го продадат Португалецот и за 150 милиони евра, иако има откупна клаузула од 175 милиони евра.

Како што е познато, францускиот „Ле Паризиен“ синоќа објави дека Мбапе веќе решил на крајот на сезоната да му се приклучи на Реал Мадрид како слободен агент. Засега официјална потврда нема, но е се појасно дека францускиот напаѓач ќе биде нов член на „кралевите“.

Се вчитува...