Рафиња е новиот капитен на Барселона, меѓу замениците е и Јамал

Барселона денеска објави дека нов капитен на актуелниот шпански шампион ќе биде Фарифа, а негов прв заменик е Педри.

Според политиката на Барселона, тренерот Ханси Флик ги избира капитенот и неговиот заменик и неговиот избор падна на Бразилецот и Шпанецот, додека останатите тројца заменици ги избираат фудбалерите со гласање.

„Рафиња и Педри ќе бидат првиот и вториот капитен на екипата. За ваквата клупска хиерархија одлучи тренерот Ханси ФЛик“, стои во соопштението на Барселона.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

 

Трет капитен на тимот е Ерик Гарсија, а четврти Френки де Јонг. Интересно е што за петти капитен е избран 19-годишниот Ламин Јамал, кој доколку сезонава ја носи капитенската лента, ќе стане најмладиот капитен во историјата на каталонскиот тим.

Се вчитува...