Рафиња и Левандовски за триумф на Барселона со Бетис (ВИДЕО)

Барселона триумфираше со 1-2 на гостувањето против Бетис во заостанатиот натпревар од 17. коло во шпанската Ла Лига, со што дополнително се зацврсти на врвот од табелата.

По израмнетото прво полувреме, каталонскиот тим до предност од 0-1 дојде со голот на Рафиња во 65. минута од натпреварот.

Во 80. минута Левандовски зголеми на 0-2, за да во 85. минута Коунде си постигне автогол само за ублажување на поразот на Бетис.

Барселона по 19 кола е на врвот со 50 бода, осум повеќе од второпласираниот Реал Мадрид кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...