Рагник: Катастрофа натпревар, добро е што освоивме бод

Манчестер јунајтед одигра само реми 1-1 на гостувањето кај Њукасл во последниот натпревар од „Боксинг-деј“ колото во англиската Премиер-лига.

Менаџерот на „црвените-ѓаволи“, Ралф Рагник не беше задоволен по натпреварот велејќи дека воопшто не му се допаднало тоа што го видел од своите фудбалери.

„Воопшто не ми се допадна тоа што го видов. Воопшто не го контролиравме натпреварот. Се е во енергијата, физичката подготвеност. Во сите тие елементи не бевме добри и не бевме во нашето најдобро издание. Добро е што освоивме бод, но мораме да бидеме подобри“, изјави Рагник. 

Се вчитува...