Рангник: Марсијал за заминување ќе мора да зборува со мене

Ралф Рангник му порача на Антони Марсијал дека ќе мора да разговара со него доколку сака да замине од Манчестер јунајтед. Агентот на Французинот, Филип Ламболи неодамна изјави дека тој сака да го напушти „Олд трафорд“ во јануари.

Марсијал сезонава редовно е на клупата за резерви, а воопшто не доби шанса откако кормилото го презеде германскиот стратег. Сепак, Германецот има јасен став околу трансферот, но и порака за Марсијал.

„Не разговарам со агентите преку медиумите. Играчот околу тоа не разговараше со мене, ниту со мене, ниту со било кој друг од клубот. Доколку сака да замине ќе мора прво да седне и да разговара со мене“, порача Рангник. 

Марсијал од почетокот на сезоната запиша десет настапи во сите натпреварувања и за 359 минути на теренот постигна само еден гол.

Се вчитува...