Раиола на твитер: Повторно ме умреа, изгледа сум способен и да воскреснувам

Лажната вест за смртта на супер-агентот Мино Раиола се уште е главна вест во фудбалската јавност. Се поизвесно е дека италијанските медиуми избрзаа со информацијата дека Раиола ја загубил битката со болеста на белите дробови со која се бори во клиника во Милано, откако членови на неговото семејство објавија дека „Мино е жив, но состојбата е тешка“.

Во меѓувреме, на официјалниот твитер профил на Раиола се појави објава, со порака до сите оние што го прогласија за мртов.

„Моментната здравствена состојба за оние кои се прашуваат: Изнервиран затоа што ме умираат вторпат во четири месеци. Изгледа сум способен и да воскреснувам“, гласи пораката на твитер-профилот на Раиола.

Се вчитува...