Рајан Гигс ќе биде нов селектор на Велс

Прославениот фудбалер на Манчестер јунајтед и поранешен велшки репрезентативец Рајан Гигс ќе биде новиот селектор на својата земја. Тој е избран за наследник на Крис Колмен и треба набрзо и официјално да биде именуван на новата функција.

Гигс своето прво претставување како селектор на Велс треба да го има на ждребот за Лигата на нации на УЕФА што ќе се одржи на 24.јануари во Лозана.

Покрај Гигс, во комбинација за селекторското место на фудбалската репрезентација на Велс беа и Крег Белами, Осиан Робертс и Марк Боувен.

Се вчитува...