Најдобриот македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва со победа на домашен терен над Локомотив Кубањ од 94-74 го завршија регуларниот дел од сезоната во руската ВТБ лига.
Избраниците на Емил Рајковиќ одлично го отворија натпреварот и по десет минути игра веќе имаа двоцифрена предност од 25-15. Солидната игра продолжи и во вториот период во кој за нијанса беа подобри од противникот па на пауза заминаа со плус дванаесет (49-37).
Гостите од Кубањ заиграа многу подобро на стартот на второто полувреме, посебно во играта во одбрана, па по 25 минути играа целосно се вратија во мечот израмнувајќи на 51-51. „Армејците“ го надминаа тешкиот период па до крајот на третиот период повторно поведоа (64-61). Во последната четвртина повторно заиграа на ниво брзо се одвоија на двоцифрена предност 76-65 и на крајот стигнаа до конечен триумф од 94-74.
ЦСКА Москва во четвртфиналето од руската ВТБ лига за противник ќе го има поранешниот клуб на Емил Рајковиќ, Автодор Саратов кој заврши на второто место во губитничкиот дел од втората фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА