Рајковиќ ново име во нападот на „пандевци“

Академија Пандев по неуспешното деби на европската сцена и двата порази од Зрињски се фокусира кон засилување на играчкиот кадар за новата сезона, во која струмичкиот клуб повторно ќе атакува на висок пласман.

„Пандевци“ денеска го официјализираа ангажманот на Марко Рајковиќ, српски интернационалец кој лани го носеше дресот на Силекс. Станува збор за играч од нападот, кој дополнително ќе ја засили конкуренцијата во овој дел од тимот на Академија Пандев.

„Марко Рајковиќ е најновото засилување за Академија Пандев. Напаѓачот кој минатата сезона настапуваше за ФК Силекс, денес потпиша професионален договор и ќе ги брани боите на нашиот клуб. Му посакуваме успешна сезона и многу постигнати голови. Во наредните денови се очекуваат уште неколку засилувања за новата сезона“ – објавија од раководството на Академија Пандев.

Се вчитува...