Рајо до бод само поради одличниот Димитриевски (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано стигна до бод на гостувањето против Џирона, благодарение само на извонредниот македонски репрезентативец Столе Димитриевски.

Димитриевски беше беспрекорен во текот на целиот меч и покрај тоа што дуелот на крај заврши 2-2, за да во 88. минута спречи трет гол и победа на домаќинот.

Гостите од Мадрид на двапати водеа со головите на Камелјо и Палазон, а македонскиот голман на двапати беше совладан единствено со удар од белата точка.

Се вчитува...